Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Филипче: Соработка со хрватската СДП во градењето на новата Програма на СДСМ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, во Загреб, Република Хрватска остварија работни средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, г-ѓа Каролина Леаковиќ.

По средбата Филипче посочи дека се разменети искуства во делот на партиските активности, акцентот е ставен на поддршката на СДП и соработката во градењето на новата Програма на СДСМ, како две сестрински партии кои споделуваат социјалдемократски вредности.

– Разменивме искуства во делот на партиските активности. И тука во Хрватска следат локални избори, после победата на претседателот Зоран Милановиќ. Ја користам приликата уште еднаш да му упатам честитки за огромниот процент за гласови кој го освои на минатите избори. Во еден дел сме соочени со слични предизвици, имајќи предвид дека ги промовираме социјалдемократските вредносни политики. Ставивме акцент на соработка во однос на поддршката и размена на искуства во градењето на новата Програма, во делот на поддршката на економските програми, понатаму во поддршката на граѓаните, во делот на зголемувањето на платите, во делот на зголемување на стандардот на граѓаните. Се тоа што значи подобар и поквалитетен живот. Нешто за што, за жал, Владата кај нас, владата на ВМРО-ДПМНЕ, сериозно отфрла, посочи Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери

ДЕСК

Филипче: Највувам кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши за кршење на Деловникот

ДЕСК

Младите не бараат чудо, туку живот: Македонија повторно се соочува со прашањето зошто најдобрите си заминуваат

ДЕСК