14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хамас ги објави имињата на израелските заложници што ќе бидат ослободени во сабота

Израел денеска потврди дека од Хамас ги добил имињата на тројцата заложници што утре треба да бидат ослободени од заробеништво.

Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека детален одговор ќе биде даден по проверка на списокот и информирање на семејствата, пренесува „Н12“.

Тројца мажи се очекува да бидат ослободени од заробеништво по завршувањето на ослободувањето на жените цивили и војници што ги држат Хамас и другите терористички организации во Појасот Газа.

По насилните инциденти за време на вчерашното ослободување на Арбел Јехуд и Гади Мозес, Израел побара од посредниците да спречат повторување слични сцени и насилство што ги загрозува животите на заложниците. Израел дури и го условува денешното отворање на преминот Рафа со тоа вакви инциденти да не се повторат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бројот на ЗАРАЗЕНИ во Европа нагло расте, лекарите повикуваат на претпазливост: „Ова е загрижувачко“

ДЕСК

Сестрата на Ким Џонг-ун: Ќе напишеме во уставот дека не сакаме добри односи со Сеул

C +

Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

C +