Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Го замолив Маск да оди да ги земе храбрите астронаути кои Бајден ги остави во Вселената

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Илон Маск и „Спејс Икс“ да одат по двајцата астронаути кои, како што рече Трамп, администрацијата на Бајден ги оставила во Вселената.

„Илон наскоро ќе замине. Се надевам ќе биде безбедно“, напиша Трамп.

Астронаутите на НАСА, Бери Вилмор и Сунита Вилијамс пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ISS) на 6-ти јуни минатата година. Мисијата требаше да трае една недела, но речиси осум месеци подоцна, Вилмор и Вилијамс се’ уште се во вселената поради проблеми со капсулата „Старлајнер“ на Боинг.

По лансирањето од вселенскиот центар Кејп Канаверал во Флорида, леталото успеа да се приклучи на станицата при вториот обид поради проблеми со моторот. Покрај тоа, леталото претрпе истекување на хелиум. „Старлајнер“ се врати на Земјата без екипаж на почетокот на септември, слетувајќи во пустината во Ново Мексико.

НАСА првично најави дека двајцата астронаути треба да се вратат на Земјата во февруари оваа година, но неодамна дојде до одложување на спроведувањето на тој план./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК