Во седиштето на НАТО во Брисел денеска е закажан состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина, на кој ќе се разговара за координацијата на воената поддршка за украинските сили.
Според официјалната програма на НАТО, пристигнувањето на министрите и нивните изјави е предвидено од 14 часот, а во 14:45 е најавено обраќање на генералниот секретар на Алијансата. Јавното отворање на состанокот е закажано за 16 часот.
По состанокот, во 18:30 часот е предвидена заедничка прес-конференција. Дневниот ред доаѓа во период на засилени руски напади врз украинската инфраструктура и продолжување на дипломатските разговори за можен прекин на војната.


