Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода криумчари на мигранти

-На 28.01.2025 околу 12.15 часот на автопатот Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.И.Х.(44) од Република Турција, со привремен престој во РСМ. При контрола во возилото „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени две лица од Република Турција, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле во државата, информира МВР.

-На 28.01.2025 во 18.30 часот на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.Т.(45) од Република Турција, со привремен престој во државата. При контрола на патничко возило „geely atlas pro“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +