Centar.mk
СВЕТ

85 отсто од жителите на Гренланд не сакаат да бидат дел од САД, покажа анкета

Анкета покажа дека 85 отсто од Гренланѓаните не сакаат нивниот арктички остров – полуавтономна данска територија – да стане дел од Соединетите држави, објави данскиот весник Берлингске.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно овој месец дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека Данска треба да се откаже од контролата на стратешки важниот остров.

Анкетата спроведена од Вериан и нарачана од дански весник покажа дека само 6 отсто од Гренланѓаните се за да станат дел од САД, додека 9 отсто се неопределени, објави Берлингске во вторникот.

Данска во понеделникот објави дека ќе потроши 14,6 милијарди круни (2,04 милијарди долари) за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот.

Гренландскиот премиер Муте Егеде повтори дека островот не е на продажба и дека граѓаните треба да одлучат за нивната иднина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ИМ СЕ ЈАВИЛ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ОД АВИОН – Нови детали за разговорите околу војната во Украина

ДЕСК

ХОЛАНДИЈА ГО ПОВИКА РУСКИОТ АМБАСАДОР – Нова дипломатска реакција по оштетувањето на амбасадата во Киев

ДЕСК

РАКЕТЕН НАПАД ВО СРЦЕТО НА РИЈАД – Оштетена висококатница во финансискиот центар на Саудиска Арабија

ДЕСК