Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Томовска: СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ

Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Андријана Томовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ:

Почитувани,

СДСМ остро реагира и се противи на најавите на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, за преименување на улиците во градот кои носат имиња од нашето антифашистичкото минато.

На вредностите од НОБ и антифашизмот почива современата македонска држава. Било какво бришење на најсветлите страници на македонската историја значат удар врз темелот на којшто почива државата.

Значењето на партизанската борба и нејзините идеалите никој не смее да ја омаловажува, брише и пребришува.

СДСМ како наследник и поддржувач на НОБ и антифашизмот се противстави на овие најави на Касами.

Советниците на СДСМ ќе застанат силно против преименувањето на улиците.

Како коалицискиот партнер на Касами, бараме Мицкоски јавно да го повика да се повлече од овој предлог.

А советниците на ДПМНЕ исто така да се спротивстават и да застанат против, со што оваа одлука нема да се донесе.

СДСМ јавно ги осудува намерите на Касами да создаде нови поделби, раздор меѓу граѓаните и етнички тензии.

Националистичките сценарија на Касами се на штета на сите граѓани без разлика на етничка или партиска припадност.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК