Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Потребни се дополнителни санкции за Русија и повеќе системи за воздушна одбрана за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по синоќешниот руски напад врз станбените области и инфраструктурата во Запорожје, повика на зголемен притисок и поголеми санкции врз Москва и побара повеќе системи за противвоздушна одбрана за заштита на украинските градови и оружје за армијата.

„Руската армија ноќеска го гранатираше Запорожје со ракети и беспилотни летала. Станува збор за напади врз станбени области и инфраструктура. Засега е познато дека едно лице загинало како резултат на овој терор. 26 лица се повредени. Сите надлежни служби се на терен. Тие прават се за да им помогнат на луѓето што е можно повеќе“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој додаде дека „дневниот терор на Русија врз Украина заслужува зголемен притисок врз терористите“.

Ветувањата на Западот дека еден ден ќе ја прифати Украина во НАТО беа лага, истакна Зеленски и додаде дека САД и Германија одржувале контакти со Русија во текот на целата војна, пренесуваат медиумите во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +