Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Знаете што е смешно, а можеби и тажно – Бајден не се помилува себеси

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерира дека Џо Бајден направил грешка што не си дал превентивно помилување пред да ја напушти функцијата.

„Овој човек одеше наоколу помилувајќи ги сите. А знаете, смешното, а можеби и тажното е што тој не се помилува себеси. И ако погледнете, сето тоа беше поврзано со него“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Трамп истакна дека можел да си даде помилување во 2021 година кога ја напуштал Белата куќа, но дека одбил, затоа што верувал дека не направил ништо лошо.

Во своето прво интервју еден на еден по враќањето во Белата куќа, Трамп предупреди дека Бајден добил многу лош совет.

„Џо Бајден има многу лоши советници. Некој го советуваше да ги помилува сите, освен себеси“, нагласи тој.

Бајден ги искористи последните часови како американски претседател за да издаде неколку превентивни помилувања. Тој го помилува докторот Ентони Фаучи, кој го координира одговорот на САД на пандемијата на коронавирусот.

Фаучи беше обвинет од многу поддржувачи на Трамп за обврската за носење маска и други политики за кои сметаа дека ги кршат нивните права. Дополнително, Бајден го помилува пензионираниот генерал Марк Мили, како и пет члена на своето семејство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан посака Европа да се врати на здравиот разум во 2026 година

C +

Макрон изрази три желби за 2026 година – единство, сила и надеж

C +

Положи заклетва: Мамдани официјално е новиот градоначалник на Њујорк

C +