Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Роднини на директорот на СОЗР, Томовски во соседни земји лежеле затвор и учествувале во вооружени пресметки, тврди СДСМ

Дали е точно дека роднини на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во соседни земји лежеле затвор и учествувале во криминални пресметки, праша денеска од прес-конферецнија организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски.

Костовски изнесе детали поврзани со роднините на Томовски, кои пак се поврзани и со последниот тендер на СОЗР за агенција за обезбедување каде е ангажирана фирмата „Праеториан“.

“Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистриано фрима на иста адреса со подружницата на „Праеторион ДООЕЛ“ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија? Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил упасен во Србија, заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство?

Дали Гашиќ викан Праки учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати? Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на „Праеториан ДООЕЛ“ во Охрид лежел во затвор во Албанија заради трговија со дрога?

Дали овие денови во Калишта Танаскоски организирал ручек на којшто присуствувал и министерот Панче Тошковски? Го повикуваме Томовски да излезе и да одговори“ рече Костовски.

Тој смета дека ова е голем скандал и како што кажа, обид за создавање на нова СГС агенција на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е голем скандал. Прво поради коруптивната мрежа на ДПМНЕ за злоупотребата на власта и испумпување на парите на парите на граѓаните преку тендри вредни милионски суми. Второ поради основаната поврзаност со криминални шеми и криминални ликови кои имале сериозни проблеми со законите во соседни држави“ порача Костовски и побара отворање на предмет од страна на Обвинителството и Државната комисија за спречување корупција.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК