Centar.mk
БИЗНИС

УЈП со важна информација

Соопштение на УЈП:

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ
Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен.

Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци.

Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници непречено ќе може да поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД, вклучително и пресметки за плата (МПИН). Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот е-Даноци повторно ќе биде ставен во функција.

Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата.

Ви благодариме за вашето разбирање и трпение. Вашата соработка е од исклучителна важност, а целта е усовршување и оптимизација на системот е-Даноци, со цел да ви овозможиме уште поефикасни и побезбедни услуги.

Можеби ќе ве интересира

Падна одлука во РКЕ – Поскапува дизелот, бензинот останува со иста цена

ДЕСК

Драстичен пад на цената на нафтата на светските берзи, откако Трамп ги одложи нападите врз Иран

ДЕСК

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.617 денари

ДЕСК