Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче за Божиќ: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, генералниот секретар Александар Димитријевиќ и потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, денеска присуствуваа на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на СДСМ упати честитка за Божиќ до сите православни верници кои го празнуваат Христовото раѓање – Божиќ како и до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

„Со традиционалната честитка, Мир Божји, Христос се роди! Ви го честитам најголемиот христијански празник Христовото раѓање на сите граѓанки и граѓани кои денеска празникот го слават.

Посакувам мир во овие празнични денови, на начин како што налага традицијата во кругот на семејството, пријателите и блиските.

Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка на демократијата. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК