Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Студени утра и сончеви денови

Денес времето во Македонија ќе биде студено наутро, со услови за магла во некои котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, утринските часови ќе бидат студени, додека преку денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време со мала до умерена облачност.

И во утрешните утрински часови времето ќе биде студено, со појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурите ќе се движат од -6 до 1 степен во утринските часови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 6 до 13 Целзиусови степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК