Centar.mk
РЕГИОН

Србија прогласи Ден на жалост поради трагедијата во Цетиње

Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагичниот настан во градот Цетиње, Црна Гора, каде што беа убиени 12 и ранети четири лица.

Одлуката за прогласување Ден на жалост беше донесена на вчерашната седница на Владата на Србија, по предлог на претседателот Александар Вучиќ.

Седницата започна со едноминутно молчење во чест на жртвите од масовното убиство што ја потресе регионот.

Трагедијата се случи на 1 јануари, кога вооружен маж застрела седум мажи и три жени, меѓу кои и својата сестра, како и две деца на возраст од 10 и 13 години. По страшниот чин, напаѓачот се застрела во главата и подоцна почина на пат кон болница. Четири лица кои беа тешко повредени се хоспитализирани и се наоѓаат под медицинска грижа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ – Над 6,5 милиони граѓани со право на глас во вториот круг

ДЕСК

ШЕСНАЕСЕТ МИНУТИ МОЛК ВО НОВИ САД – Две години по трагедијата, семејствата сè уште чекаат судска разрешница

ДЕСК

ДВЕ ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД – Комеморација за 16 загинати, судските постапки сè уште траат

ДЕСК