Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

-ДПМНЕ лаже за експресниот пат Страцин – Крива Паланка затоа што СДСМ го заврши над 90% а тие го блокираа како опозиција. Првиот асфалт на експресниот пат Страцин – Крива Паланка е поставен уште во 2023 година, велат од СДСМ.

„Од увид во веќе започнатиот процес за асфалтирање има слики и објава на официјалната

Фејсбук страница на Јавното претпријатие за државни патишта на 23 ноември 2023 година.

(Лини до објавата: https://www.facebook.com/share/p/12J4Jdn9MSx/ )

Китењето со туѓи перја е едно но ова патолошко лаже ДПМНЕ зборува за нив и покажува колку се неспособни па мора да измислуваат дека нешто направиле.

За експресниот пат Страцин – Крива Паланка ДПМНЕ само пресече лента и направи неколку стотина метри асфалт и ништо друго. А како опозиција го блокираше проектот во Собранието.

Проектот за експресниот пат Страцин – Крива Паланка беше почнат во 2018 година, првиот асфалт беше поставен во 2023 година и над 90% беше завршен до првата половина на 2024 година, во време на СДСМ.

Да не беа блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овој пат можеше да се заврши уште во 2024 година.

Очекуваме и Мицкоски и ДПМНЕ денеска да излезат и да им се извинат на граѓаните за тоа што ги излажаа.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК