Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес го стресе Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 5 јануари 2025 година во 23 часот и 12 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +