Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Претрес во неготинско, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

На 03.10.2026 во 10:00 часот полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода лице(35) од село Тремник, неготинско. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на осомничениот, каде биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, вага и мобилни телефони.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.