Centar.mk
СВЕТ

Бил Клинтон хоспитализиран

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во понеделникот.

Клинтон (78) беше примен во Универзитетската болница „Медстар Џорџтаун“ на тестирање и набљудување откако му се покачи температурата“, рече Анхел Урења, заменик шеф на кабинетот на Клинтон.

„Тој е добро расположен и е благодарен за грижата што ја добива“, изјави Урења.

Извор близок до поранешниот претседател изјави дека ситуацијата „не е итна“.

„Поранешниот претседател ќе биде добро. Имаше треска и сакаше да се провери. Тој е буден и свесен“, рекол изворот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +