Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утрово најстудено во Берово

Утрово најладно било во Берово каде биле измерени -6 степени, -4 било во Тетово, -3 во Скопје-Петровец и Битола, -2 во Маврови Анови, Охрид, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево, Дебар и Велес, -1 во Крива Паланка, Претор, Штип, Куманово и Кавадарци, 0 во Скопје-Зајчев Рид и Виница, 2 на Попова Шапка, 6 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 40 сантиметри на Попова Шапка, 26 Маврови Анови, 3 Крушево.

Времето во текот на ноќта и изутринава

Ведро, утрово е сончево со мала локална облачност. По одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето денеска

Наутро по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 10 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК