Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Ќе разговарам со Путин за крајот на војната во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави на прес-конференција во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида дека има намера да стапи во контакт и да разговара со Владимир Путин, како дел од напорите да се запре војната во Украина.

Тој посочи дека и Володимир Зеленски треба да се подготви за склучување мировен договор.

Трамп вели и дека бројот на жртви од двете страни е многу поголем отколку што се тврди во јавноста.

„Луѓето се убиваат на ниво што никој досега не го видел. Тоа се многу рамни области и единственото нешто што може да го запре куршумот е тело, човечко тело. Бројот на војници кои умираат од двете страни е астрономски“, изјави Доналд Трамп, новоизбраниот американски претседател./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НАСА бара луѓе кои би „живееле и работеле“ на Месечината

ДЕСК

„Не постои евтин руски гас“: Маѓар за енергетската политика на Будимпешта

ДЕСК

Зеленски: И јас можам да нацртам мапа за Путин на која целосно ја окупирам Русија

ДЕСК