22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Лошите економски политики на владата на СДС и ДУИ ја доведоа Македонија на работ на банкрот

Лошите економски политики на владата на СДС и ДУИ, ја доведоа Македонија на раб на банкрот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение за економијата, велат од владејачката партија.

„Власта на СДС и ДУИ ја завршија 2023 година со инфлација од 9,4%, додека за само 6 месеци власт, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја намали инфлацијата од 3,5%, а за 2025 година се очекува инфлацијата да биде 2,5%.

Власта на СДС и ДУИ размислуваа само за тендери, корупција и криминал во нивниот мандат. Тие немаат право да зборуваат за економијата, бидејќи не беа способни ниту плати да испорачаат во повеќе државни институции.

Тоа се докажа и со последната одлука на САД, каде што премиерот во сенка на владата на СДС и ДУИ, Артан Груби беше ставен на црната листа за значителна корупција“, истакнуваат од оваа партија.

Затоа како што додаваат, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение.

Според нив, се зголемуваат платите во повеќе сектори, се намалуваат цените преку економските кошнички што ги прави владата, раст на БДП од 3%, се намалува инфлацијата, се носат странски директни инвестиции во вредност од скоро милијарда евра, се отвораат нови работни места и не се покачуваат платите на функционерите.

„Нема веќе „како до сега’’. Веќе 6 месеци се работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните и секако дека уште повеќе ќе се залагаме за олеснување на животот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК