Centar.mk
фото Centar.mk
СВЕТ

Мафијата заработува милијарди од туризмот во Италија

Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика објавено денеска.

Прометот и профитот на мафијата ќе се зголемат следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони верници се очекуваат во Рим и 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри на северот на земјата.

Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската ‘Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно. Камора, која работи главно во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.

Организациите или поседуваат удели во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимни бизниси./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ГИ ЗАСИЛУВА НАПАДИТЕ ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ – Украина пријавува прекини на струјата во пет региони

ДЕСК

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК

КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПРОГЛАСИЈА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Повеќе од 3.300 мигранти пристигнале на мал остров

ДЕСК