Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Вонреден состанок на Тесното Претседателство на ДУИ

Вонреден состанок на Тесното Претседателство на ДУИ

Соопштение на ДУИ – интегрален текст:

Вчера вечер, Тесното Претседателство на Демократската унија за интеграција одржа состанок за да ја процени загрижувачката ситуација предизвикана од закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември, која има за цел да го укине Законот за употреба на јазиците и, преку тоа, да го поништи Охридскиот рамковен договор и мирот што тој го воспостави.

Тесното раководство оцени дека овие постапки се дел од оркестрирана кампања на нелегитимната влада и претставуваат сериозна закана за стабилноста на земјата и меѓуетничката хармонија. Во пресрет на оваа неприфатлива состојба, Тесното раководство одлучи да го свика највисокото партиско тело во понеделник, за да се донесат одлуки за натамошните чекори и да се дефинираат конкретни мерки за спречување на обидите на владата да ја дестабилизира земјата.

Истовремено, уште еднаш ги повикуваме сите актери вклучени во овој монструозен и крајно опасен план да ја прекинат оваа лудост, бидејќи последиците ќе бидат незамисливи.

ДУИ останува посветена на заштитата на Охридскиот рамковен договор и на сите достигнувања што ја гарантираат еднаквоста и мирот во Северна Македонија. Во овие клучни моменти, ги повикуваме сите граѓани и меѓународните фактори да останат обединети во одбраната на мирот и стабилноста.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК