Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Времето драстично се менува – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.

Прогноза за 29.11.2024
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 13°C

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и во текот на ноќта долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Прогноза за 30.11.2024
Минимална температура: 2°C до 6°C
Максимална температура: 0°C до 6°C

Претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 50 l/m2). На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Прогноза за 01.12.2024
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 50 l/m2). На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +