Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта

Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата. Во разговорот Кулеба истакна дека има три клучни причини за неговата оценка: решеноста на претседателот Володимир Зеленски да не отстапи под притисок, неподготвеноста на Украина да се согласи на брзо решение и фактот дека клучот за мирот лежи во Москва, а не во Киев.

Според него, решението на конфликтот зависи од тоа што би можел да прифати рускиот претседател Владимир Путин за да постигне прекин на огнот, а не од отстапките од Украина. Кулеба нагласи дека одговорноста за завршување на војната е на страната што ја започнала и дека Украина нема да се согласи на еднострани отстапки.

Во контекст на се поинтензивните борби, вклучително и учеството на севернокорејските војници на страната на Русија и употребата на нови балистички ракети, Кулеба призна дека Украинците се загрижени поради ескалацијата на конфликтот. И покрај тоа, тој нагласи дека Украина нема да прифати решенија кои би го загрозиле нејзиниот суверенитет или територијален интегритет./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа

C +

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

C +

Трамп го предупреди Иран: Мора да постигнеме договор, во спротивно ќе биде многу трауматично

C +