Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Сите случаи на корупција да се санкционираат, но и да се почитува презумпцијата на невиност, порача Филипче

Во своето денешно обраќање на Конгресот на СДСМ, претседателот на партијата Венко Филипче се осврна и на делот на копрупција и владеење на правото.

„Сите случаи на корупција и прекршување на законите да бидат третирани од страна на надлежните државни институции, во објективна, непристрасна и независна постапка. Но барам, беспоговорно да се почитува начелото на презумпција на невиност, а секој криминал кој ќе биде докажан во фер и праведна постапка, да биде санкциониран. Никој не е недопирлив! Тоа важи и за нас, но да бидат сигурни овие од власта што се закануваат, дека ќе важи и за сите сегашни функционери на владејачката коалиција“ рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ нема да дозволи повторно да се врати времето на селективна правда и политички прогони.

„Едно да е јасно, селективна правда и политички прогон нема да дозволиме! На оцрнувања на нашите членови и функционери кои чесно работеле, а ВМРО-ДПМНЕ ги плука во нивните режимски медиуми, остро ќе се спротиставиме“ посочи Филипче.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И ЛОКАЛЕН ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 21 степен, од сабота следува промена

ДЕСК

ВО САБОТА Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, еден од најпочитуваните небесни заштитници

ДЕСК

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК