Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

Заради големите национални прашања како полноправното членство во НАТО Алијансата, напорите за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ, решавање на отворените прашања со соседите, нашите Влади ја занемарија ефикасноста во обезбедување на сервисните функции на државниот апарат.

Ова го порача претседателот на СДСМ Венко Филипче во своето обраќање на 30. Конгрес на СДСМ.

Филипче посочи дека СДСМ стратешки никаде не погрешила, не калкулирала и не била пополустички настроена.

„Не сметам дека стратешки погрешивме. Се вложивме 100 проценти, не калкулиравме, не бевме популисти, направивме тешки жртви. Двајцата мои претходници, Заев и Ковачевски ја жртвуваа својата политичка кариера за денес да сме членка на НАТО и да имаме започнато преговори со Европска унија. За жал, таквата длабока посветеност, не беше наградена со очекуваната мера. Но се боревме за она што верувавме дека е исправно, дека ќе донесе добробит за секој граѓанин на оваа држава, дека ќе ја постави Македонија на светската мапа. И во тоа успеавме“ порача тој.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до Мицкоски: Сакате и понатаму да одвлекувате внимание од мигрантите или ќе ја потпишете Резолуцијата?

ДЕСК

Филипче: Социјални станови наместо шатори, мигрантскиот план е прочитан!

ДЕСК

Алиу на секторската работна група за здравство: Презентиран напредокот на националниот систем за трансплантација и реализација на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.