13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Американските разузнавачки претставници ги предупредија американските одбранбени компании да ги засилат мерките на претпазливост по неколку акти на саботажа во Европа за кои властите ја обвинуваат Русија.

Во јавниот билтен на Националниот центар за контраразузнавање и безбедносно советување, одбранбените компании, особено оние што ја поддржуваат Украина во војната против Русија, добија совет да ја зајакнат својата одбрана пред ескалацијата на руската агресија против сојузниците на Украина, пишува „Вашингтон тајмс“.

Руската саботажа во Европа го зголемува ризикот за американските компании во странство и потенцијално дома, напишаа властите во предупредувањето./Извор:Makfax