Centar.mk
stab, shtab
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

Соопштение на СДСМ:

После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ „ќе чекаме децении“ денеска им порача на граѓаните дека треба „да ја платиме цената“ што нема да станеме членка на Унијата.

Нема поголемо признание од ова дека Мицкоски не сака членство во ЕУ.

Како што кажавме. Граѓаните се заложници на криминалот и корупцијата на Мицкоски и неговиот страв од одговорност.

Граѓаните ќе ја платат цената, нивните семејства и нивните деца. Најскапата цена ја платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат.

Додека Мицкоски им порачува на граѓаните дека треба да ја платат цената за децениско чекање за членство во ЕУ цело ВМРО за себе и своите семејства веќе си има обезбедено европски пасоши преку нивните бугарски државјанства и бугарски пасоши.

Лицемерно и нечесно. Типично за една криминална организација како ВМРО кои од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа само за да ја задржат контролата врз државата и да продолжат со криминалот и корупцијата.

Граѓаните веќе јасно гледаат дека ВМРО-ОКГ никогаш не водеше битка за државните интереси, туку за власт, бизниси, тендери и лични привилегии.

Лажниот патриотизам падна. Вистината излезе на виделина.

Можеби ќе ве интересира

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Дете паднало и било влечено по улица откако било фатено за рака од лице на мотор

ДЕСК