Centar.mk
СВЕТ

Трагедија во Чешка: му се слошило пред полагање на матура, паднал и починал

Ученик во последната година од средното трговско училиште, се сруши и почина кратко пред полагањето на завршниот испит во чешкиот град Табор.

И покрај брзата реакција и напорите на лекарите кои беа повикани на местото на настанот, тие не успеаја да го спасат матурантот.

Трагичниот инцидент се случи пред училишната зграда, каде што учениците се собраа и чекаа да влезат и да полагаат матура.

Тажната вест ја потврди директорот на училиштето, Радек Циха, а околностите на трагедијата се уште се нејасни бидејќи истрагата е сè уште во тек.

По смртта на ученикот, почнаа да кружат гласини дека користел наркотици или други стимуланси, но директорот одби да коментира за овие наводи.

„Секако ќе биде предмет на истрага, сè ќе се знае кога ќе заврши обдукцијата“, изјави директорот за медиумите.

Телото на матурантот е испратено во Институтот за судска медицина на обдукција.

Училиштето ги откажа сите планирани матурски испити и тие се одложени за утре./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК