Centar.mk
СВЕТ

Германија ќе почне со испорака на 4.000 дрона со вештачка интелигенција во Украина од декември, пишуваат медиумите

Германија од декември ќе почне да ја снабдува Украина со 4.000 високотехнолошки беспилотни летала контролирани од вештачка интелигенција (АИ) и заштитени од уреди за електронско војување, кои веќе се користени во борбите на југот и на истокот на Украина, објавија денеска германските и украинските медиуми.

Германската компанија „Хелсинг“, која се занимава со вештачка интелигенција, годинава потпиша договор со Министерството за одбрана на Украина за набавка на 4.000 дрона, пишува „Билд“ повикувајќи се на изјавата на германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.

Писториус, по масовниот руски воздушен напад врз Украина во неделата наутро, изјави дека е среќен што испораката на овие дронови за напади со вештачка интелигенција ќе почне веднаш, пренесува агенцијата „Укринформ“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИРАНСКАТА ВОЈСКА ДОБИ НАРЕДБА ЗА ПОДГОТВЕНОСТ: Техеран предупредува на силен одговор при нови закани

ДЕСК

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ЈА ЗАФАТИЈА ФРАНЦИЈА: Граѓаните бараат промени поради високите трошоци за живот

ДЕСК

ПОЛСКА ВО НОВА ПРАВОСУДНА КРИЗА: Демонстранти и полиција пред Уставниот суд

ДЕСК