14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петок неработен ден за припадниците на албанската заедница

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека, во согласностс со Законот за празниците на РМ (2Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 22 ноември 2024 година (петок), Ден на албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на албанската азбука./Извор:Makfax