18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Од наводен коректор на политиките на Владата, ЗНАМ се претвори во гума за бришење

-Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски, соопшти СДСМ.

„Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд.

Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски.

Минчев потврди дека оваа Влада нема своја автентична политика.

Но Минчев потврди дека политиките на Владата на СДСМ не само што биле испрацни, туку и го трасирале вистинаниот реформски пат, според европските стандарди.

Реформата на јавната администрација ќе се одвива според Страрегијата 2023-2030 и акцискиот план донесени од Владата на СДСМ.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ДИК поништи цела советничка листа на партија номинирана за Град Скопје поради починато лице

ДЕСК

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

ДЕСК

ЌЕ СЕ ПЕЧАТАТ НОВИ ЛИВЧИЊА: Погрешно распоредени бројчина на гласачките ливчиња во Ново Село привремено го стопираа гласањето

ДЕСК