Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Mинистерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел

6 ноември 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 8 ноември ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“, на која ќе стане збор за состојбите во Европската Унија и за политиките за надминување на актуелните и идните предизвици.

Проширувањето на ЕУ е тема на панел-дискусијата во која министерката Димитриеска-Кочоска ќе се осврне на реформите што ѝ претстојат на земјата на патот за полноправно членство во ЕУ, а кои се содржани во неодамна усвоената Реформска агенда, при што ќе ја нагласи цврстата определба на Владата за нејзино спроведување.
Конференцијата е дел од активностите на организацијата „Пријатели на Европа“, преку кои се поттикнува дебата помеѓу засегнатите страни – креаторите на политики, бизнис-заедницата, граѓанското општество, а со цел креирање политики и процеси кои ќе создадат поинклузивна, одржлива и напредна Европа.

Во Брисел, министерката за финансии ќе оствари средби и со високи претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а ќе се состане и со претставници од Европската народна парија ( ЕПП).

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК