Centar.mk
СВЕТ

Кремљ: Путин не планира да му честита на Трамп, САД е непријателска земја

Кремљ ја призна јасната победа на Доналд Трамп, но вели дека не знае за какви било планови на рускиот претседател Владимир Путин да му честита. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека САД остануваат непријателска земја.

Песков рече дека Москва внимателно ги следи настаните и ги анализира изјавите на американските политичари за Русија додавајќи дека односите меѓу двете земји се на историски ниско ниво.

Трамп претходно застана на страната на Путин за мешање во изборите, ја кратеше помошта за Украина и континуирано го критикува НАТО. Сепак, тој ја осуди руската инвазија на Украина и инсистира на тоа дека има добри односи со украинскиот претседател Володимир Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Нападите меѓу САД, Израел и Иран се интензивираат

ДЕСК

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +