Centar.mk
РЕГИОН

Вучиќ му честита на Трамп: Заедно ќе се соочиме со сериозни предизвици

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД во 2024 година, означувајќи неверојатен политички камбек четири години по напуштањето на Белата куќа.

„Америка ни даде невидено силен и моќен мандат“, изјави тој пред толпата поддржувачи во конгресниот центар во округот Палм Бич рано утринава. Харис не им се обрати на своите поддржувачи кои се собраа во Универзитетот Хауард.

Виктор Орбан, Бенјамин Нетанјаху и Александар Вучиќ беа меѓу првите кои му честитаа на Трамп.

„Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа. Заедно се соочуваме со сериозните предизвици што ни претстојат. Србија е посветена на соработката со САД за стабилност, просперитет и мир“, напиша српскиот претседател Вучиќ на Икс./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +

Вучиќ: Воениот сојуз на Тирана, Приштина и Загреб го загрозува мирот во регионот

C +

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК