Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ЦИНГО од Советот на Европа ја оценува соработката на Владата со граѓанското општество

Меѓународната конференција на Невладини организации од Советот на Европа наскоро ќе изготви извештај за соработката меѓу Владата и невладиниот сектор, во кој ќе се оцени досегашната соработка и ќе се дадат препораки за подобрување на концептот на меѓусебната соработка. Ова вчера го најави претседателот на СИНГО, Герхард Ермишер, на средбата со заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Извештајот ќе го оцени досегашниот начин на вклучување на невладиниот сектор во процесот на донесување одлуки на Владата, финансирањето на невладиниот сектор и идентификување на идните предизвици. Откако ќе се изготви, извештајот ќе се прати на мислење во владата, а потоа за него ќе се расправа и на Генералното собрание на Советот на Европа.

На средбата вицепремиерот Фетаи вети брзо обновување на дијалогот со невладините организации откако во март годинава во знак на протест тие го напуштија Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество поради начинот на распределување на средствата наменети за финансирање на невладиниот сектор. Фетаи најави дека до крајот на годината ќе се изберат новите членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Тој рече дека реформската агедна е врвен приоритет на владата истакнувајќи ги посебно борбата против корупцијата, зголемување на транспаретноста и подобрување на соработката со невладиниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК