Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата – АМСМ со информација

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради технички проблеми на терминалот од косовска страна, сообраќај на магистрален пат Скопје –ГП Блаце (БП Дизел) се пренасочува само за товарни возила.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На регионалниот пат Зрновци – Пониква, поточно на м.в„Белска крстосница“, од 28.10.2024 г. отпочнат е јавен протест кој ќе трае во наредните неколку дена. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон с.Бели.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +