Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина го изврши првиот напад врз севернокорејските војници во областа Курск

Властите во Киев соопштија дека првите севернокорејски војници во областа Курск биле погодени од украински оган.

Првите севернокорејски војници, кои беа распоредени во пограничниот регион Курск за да ѝ помогнат на руската армија, влегоа во борба со украинските вооружени сили, објави шефот на одделот за борба против дезинформациите на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Коваленко, на „Телеграм“, пренесува „Унијан“.

„Првите членови на севернокорејската армија веќе се на удар во областа Курск“, рече Коваленко испуштајќи ги деталите за нападот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дмитриев: „Тешки времиња ја очекуваат Европската Унија“

C +

Иран: Ормускиот теснец не е затворен за сите

C +

Руски функционер во регионот Луганск: 41 рудар заробен под земја по украинскиот државен удар

C +