22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел официјално ги извести ОН дека ја забрани организацијата за помош на бегалците

Израел формално ги извести Обединетите нации дека го откажува договорот што ги регулира неговите односи со главната организација на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) од 1967 година, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Минатиот месец израелскиот парламент усвои закон со кој се забранува УНРВА да работи во Израел и ја прекинува соработката на израелските власти со организацијата, која обезбедува помош и образовни услуги за милиони Палестинци на окупираниот Западен Брег и Газа.

Израел долго време ја критикува УНРВА, основана по војната во 1948 година, која избувна во времето на создавањето на Државата Израел, обвинувајќи ја за антиизраелска пристрасност.

Од почетокот на војната во Газа минатиот октомври исто така велат дека Хамас во Газа длабоко се инфилтрирал во организацијата обвинувајќи ги некои од нејзините оперативци за вмешаност во нападот врз Израел на 7 октомври.

Законот ги вознемири Обединетите нации и некои западни сојузници на Израел, кои стравуваат дека дополнително ќе ја влоши и онака лошата хуманитарна ситуација во Газа, каде што Израел веќе една година се бори со милитантите на Хамас. Забраната не се однесува на операции на палестинските територии или на други места./Извор:Makfax