Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Се судрија Калос и камион Мерцедес, повеќемина повредени

На 02.11.2024 година во 14.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, Кичево-Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Скопје и товарно возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од село Лојане, кумановско, во сопственост на Б.А.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило М.А. и двајца сопатници од патничкото возило – З.С.(63) и Р.П.(55) двајцата од Скопје, додека пак со телесни повреди се здобила В.С. која го управувала патничкото возило и сопатничка од товарното возило Н.А.(26) од село Липково, кумановско, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК