Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и оштетување или повластување на доверители

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Т.(41) од Скопје за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.1 и кривично дело ,,оштетување или повластување на доверители” од чл.257 ст.2 од КЗ, против правно лице од Скопје за кривично дело „оштетување или повластување на доверители” од чл.257 ст.4 во врска со ст.2 од КЗ и против К.Н.(46) од Скопје, службено лице помошник нотар за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353 ст.1 од КЗ, затоа што првопријавениот во улога на сопственик и управител на второпријавеното правно лице, иако знаел дека побарувањето во износ од 720.793 денари што неговото правно лице го има од друго правно лице од Скопје врз основа на пресуда од Основен граѓански суд било во целост намирено, сепак на 21.02.2024 првопријавениот кај нотар солемнизирал договор со цесија со која побарувањето на неговото правно лице го префрлил на самиот себе и веднаш потоа, иако ваквото побарување веќе било исплатено, сепак преку извршител побарал присилна наплата уште еднаш од правното лице, при што на 26.02.2024 од страна на извршител била реализирана противправна двојна наплата на едно исто побарување во износ од 720.793 денари.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата не се шегува: 12 лица уапсени за возење во пијана состојба, напишани 2.382 казни – државата трие раце

ДЕСК

Битиќи: За 15 месеци власта изгуби околу 30% од своите гласови

ДЕСК

Му барал 3.000 евра на градоначалник – сега е обвинет за изнуда

ДЕСК