Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Се шират снимки од Курск: „Абрамс и Бредлис се борат со руски тенкови“

Нова снимка која кружи на социјалните мрежи се чини дека покажува американски тенк и оклопно возило во Курск.

Украинската 47-ма механизирана бригада вчера на социјалните мрежи објави снимка за која тврди дека покажува американски тенк Абрамс и борбено возило на пешадија Бредли во акција во руската област Курск. „Украинските сили спроведоа операција во пограничниот регион, вклучително и напади врз руски позиции со американски противтенковски ракети“, соопшти бригадата.

„Дали некој замислуваше пред половина година дека американската опрема ќе биде на непријателска територија“, праша 47-та механизирана бригада преку соопштение.

Автентичноста на снимките не е независно проверена.

Украинскиот пробив во Курск на почетокот на август го означи најзначајниот напредок на руска територија од почетокот на војната. Овој потег изненади многу меѓународни набљудувачи, вклучувајќи ги и најблиските сојузници на Украина, а Русија првично реагираше бавно на брзиот напредок на Киев./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија планира да ја нападне Украина или НАТО од Белорусија

C +

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција

C +

Маж почина по напад од ајкула на островот Ротнест во Западна Австралија

C +