Centar.mk
БИЗНИСвест

Божиновска, присуствуваше на отворањето на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, присуствуваше на отворањето на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, посветен на зелени решенија и иновативни технологии. На саемот каде учествуваат повеќе од 30 компании од земјава и од регионот се презентираат најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици.

„Успешна енергетска транзиција кон зелена енергија е наша долгорочна цел за енергетската иднина на нашата земја. Потенцијалот за обновлива енергија во нашата земја е огромен, а една од задачите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е создавање на услови кои потикнуваат иновации и напредок во овој сектор. Затоа го охрабрувам секој од вас, нашите деловни лидери, посветени професионалци и стручни лица во индустријата, да продолжите да развивате решенија кој ќе ја намалуваат нашата зависност од конвенционалните извори на енергија и ја интегрираат обновливата енергија во нашиот секојдневен живот.“, рече Божиновска.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 претставува уникатна можност за размена на идеи и контакти меѓу професионалците, како и проширување на бизнис мрежите во насока на придонес кон подобра енергетска иднина.

Можеби ќе ве интересира

„Без граници, без препреки“ – виртуелно музејско патување што ги обедини децата од светот во Музејот на Народната банка

ДЕСК

Објавена нова листа на должници – еве кој колку должи за данок

ДЕСК

Лидл Северна Македонија продолжува со инвестиции, нови вработувања и развој на домашната економија

C +