Centar.mk
СВЕТ

Врховниот лидер на Иран: Злото што го изврши Израел не треба ниту да се минимизира ниту да се преувеличува

Иранските официјални лица треба да одлучат како да му ја покажат моќта на Иран на Израел по израелскиот напад врз Иран пред две ноќи, изјави утринава врховниот лидер на земјата Али Хамнеи, пренесува иранската официјална новинска агенција ИРНА.

„Злото што го изврши ционистичкиот режим (Израел) пред две ноќи не треба ниту да се минимизира ниту да се преувеличува“, рече Хамнеи, пренесе ИРНА.

Иран го минимизираше израелскиот воздушен напад врз ирански воени цели вчера, велејќи дека предизвикал само ограничена штета, додека американскиот претседател Џо Бајден повика на прекин на ескалацијата што предизвика страв од сеопфатен пожар на Блискиот Исток.

Бројни израелски авиони извршија три бранови напади врз ракетни фабрики и други места во близина на Техеран и во западен Иран, објави израелската армија.

Иранскиот парламент денеска одржува состанок зад затворени врати за да разговара за одговорот на нападот. Според извештаите на иранските медиуми, претседателот на парламентот и поранешен генерал на Корпусот на гардата на Исламската револуција, Мохамад Багер Галибаф претседава со дискусиите.

Иранскиот парламент има ограничено влијание, а вистинската моќ е на државното раководство предводено од врховниот лидер Али Хамнеи. Сепак, по овогодинешните избори, мнозинството конзервативци доминираат во парламентот, што веројатно ќе влијае на расположението кај радикалните крила на војската./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +