Centar.mk
СВЕТ

Многу луѓе во Рим гладуваат, а се фрлаат тони храна, вели папата Франциско

Папата Франциско вчера на римскиот бискупски собир за нееднаквоста рече дека луѓето не треба да фрлаат храна во главниот град на Италија кога многу луѓе гладуваат.

– Како да прифатиме во нашиот град да се фрлаат тони храна, а во исто време да има семејства кои немаат што да јадат, праша тој, пренесе Анса.

Папата истакна дека тоа го гледа дури и во ресторан во близина на Ватикан и додаде дека има илјадници празни места, додека илјадници луѓе спијат на тротоар./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израелската армија издаде предупредување за евакуација до жителите на јужен Либан

C +

Либански медиуми: Израелската армија погоди два автомобила во близина на Бејрут

C +

Ирански медиуми: Ирански супертанкер помина низ Ормускиот теснец без никакво криење

C +