Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Димитриеска-Кочоска: Препознаени напорите на Владата за фискална консолидација, изразена поддршка добиваме од ММФ и СБ

Напорите за фискална консолидација на новата Влада се препознаени од меѓународните финансиски институции и за тоа даваат поддршка. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од Вашингтон по средбите со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

„На состаноците истакнавме дека фискална консолидација не можеме да направиме преку ноќ и дека за тоа е потреба време. Најважно е дека покажуваме желба којашто може да се види од Фискаланата стратегија којашто е усогласена и предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 4% за 2025 година. Тоа е она што е најважно“, истакна министерката во изјава за ТВ Алфа.

Таа потенцира дека особено радува фактот што на состаноците е забележано дека и таа како министер за финансии и новата Влада максимално вложуваат напори да ги подобрат резултатите на државата и дека максималните напори што ги вложуваат се препознаени од страна на претставниците на меѓународните финансиски институции.

Изрази уверување дека престои одлична соработка во наредниот период и вложување напори во водење политика со постепена фискална консолидиција, внимателно трошење на буџетските средства и истовремено преземање мерки за борба со сивата економија.

Министерката за финансии во Вашингтон учествува на Годишните средби на ММФ и СБ, каде што имаше и состаноци со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.

Можеби ќе ве интересира

ГО ЗАТЕКНАЛЕ ПРИ ТЕШКА КРАЖБА ВО КУЌА – Приведен 61-годишник во Македонски Брод, украденото вратено на сопственикот

ДЕСК

НОЌНО ПРИВЕДУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП – Кај 36-годишен маж пронајдена и одземена прашкаста материја

ДЕСК

ВОЗЕЛА „ПАСАТ“ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – 40-годишна жена приведена во Валандово, следува кривична пријава

ДЕСК