Физички напад врз вработен во обезбедувањето на казино во Охрид бил пријавен во полицијата. Според полициските информации, нападот го извршил 34-годишен жител на струшкото село Долна Белица.
На 12 ноември 2026 година, во 00:05 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид, 34-годишникот физички нападнал лице кое работело како обезбедување во објектот.
Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.


