Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ГО ЗАТЕКНАЛЕ ПРИ ТЕШКА КРАЖБА ВО КУЌА – Приведен 61-годишник во Македонски Брод, украденото вратено на сопственикот

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод лишиле од слобода 61-годишен жител на Македонски Брод, откако бил затекнат при извршување на тешка кражба во куќа во селото Девич.

Според полицискиот билтен, на 11 ноември 2026 година, во 21:10 часот, полициските службеници интервенирале во селото Девич, во општина Македонски Брод, каде што го затекнале 61-годишникот при извршување на кривичното дело „тешка кражба“ во куќа, по што го лишиле од слобода.

Од полицијата информираат дека украденото било вратено на сопственикот. По целосното документирање на настанот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

НОЌНО ПРИВЕДУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП – Кај 36-годишен маж пронајдена и одземена прашкаста материја

ДЕСК

ВОЗЕЛА „ПАСАТ“ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – 40-годишна жена приведена во Валандово, следува кривична пријава

ДЕСК

АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН СОПРУГАТА И НЕЈЗИНАТА МАЈКА – Приведен 59-годишен струмичанец, известен јавен обвинител

ДЕСК