Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗЕЛА „ПАСАТ“ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – 40-годишна жена приведена во Валандово, следува кривична пријава

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово лишиле од слобода 40-годишна жена од селото Миравци, Гевгелиско, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувала автомобил без да поседува возачка дозвола.

На 11 ноември 2026 година, во 22:30 часот, во Валандово, полицијата сопрела патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната жена. По извршените проверки било констатирано дека таа не поседувала возачка дозвола, по што била лишена од слобода.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Според полицијата, по целосното документирање на случајот против жената ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН СОПРУГАТА И НЕЈЗИНАТА МАЈКА – Приведен 59-годишен струмичанец, известен јавен обвинител

ДЕСК

НАПАДНАТ РАБОТНИК ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО КАЗИНО ВО ОХРИД – 34-годишник од Струшко пријавен за физички напад

ДЕСК

СО „ФОЛКСВАГЕН ПОЛО“ ВОЗЕЛ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата приведе 24-годишен скопјанец во Дебар

ДЕСК